Наполи одлично ја почна новата сезона

Елмас: Многу искусни играчи си отидоа, одговорноста ни ја оставија на нас

Наполи одлично тргна во новата сезона, со победа од 5-2 на гостувањето кај Верона и најави дека ќе биде сериозен тим и покрај големите промени во тимот. 

Играчите кои важеа за столбови на тимот си заминаа, Калиду Кулибали, Лоренцо Инсиње и Дрис Мертенс, а на пат да си оди е и Фабијан Руиз кој е пред потпис со ПСЖ.
 
Тоа се четворица клучни играчи, па многумина го отпишаа Наполи и од битката за топ 4, а не па од таа за Скудето. Но, првиот меч дава впечаток дека тимот може да се бори за највисок пласман.
 
„Нормално е да има промени, многу големи играчи си заминаа кои беа тука со години. Тие заминаа и нас ни ја оставија одговорноста. Веќе од самиот почеток се чувствува таа одговорност, почнувајќи од новиот капитен Ди Лоренцо. Тука се и новите играчи кои ќе ни помогнат да имаме уште една добра сезона. Минатата беше извонредна сезона, се надевам дека и оваа ќе биде одлична“, изјави Елмас.
 
Македонскиот репрезентативец како резерва стартуваше во новата сезона, ги одигра последните 25 минути од мечот со Верона.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе