Според наполитанските медиуми

Елмас ја игра последната сезона во Наполи, на лето ќе биде продаден на Бенфика?

Според медиумите од Неапол, во летниот преоден рок Елиф Елмас би можел да го напушти Наполи и да се пресели во Бенфика. 

Италијанскиот новинар Емануеле Камарото за „Наполи магазин“ тврди дека Наполи размислува да ја прифати понудата од Бенфика за Елмас која изнесува 20 милиони евра.
 
Во италијанскиот клуб на повидок се подлабоки реформи, а меѓу оние кои ќе си одат е и Елмас.
 
Клубот не е задоволен од тоа како Елмас се интегрираше во тимот, неговиот учинок не е добар како што тие веруваат дека треба да биде, па подготвени се да се ослободат од него.
 
Најконкретен интерес засега има од Бенфика која веќе имаше доставено понуда од 20 милиони евра која првично беше одбиена, но на лето одговорот може да биде поинаков.
 
Кога е во прашање Елмас не се исклучува ниту една опција, веројатно ќе зависи и од мислењето на новиот тренер на Наполи бидејќи се очекува Гатузо да не го води тимот и следната сезона.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе