И „сините“ се израдуваа на триумфот во ЛШ

Еден Азар продолжува да ја празни касата на Реал, Челси добива нов богат бонус

Еден Азар немаше никаков учинок во триумфот на Реал Мадрид во Лигата на шампионите, но и покрај тоа „кралевите" ќе треба да му исплатат 15 милиони фунти на Челси.

Еден Азар во 2019 си го оствари сонот и го облече белиот дрес на Реал Мадрид но „кралевите“ не видоа многу аир од него и покрај тоа што платија околу 100 милиони евра (околу 88 милиони фунти) како и бонуси со кои зделката може да порасне до 150 милиони евра (околу 130 милиони фунти).

Челси веќе доби убава исплата кога Реал Мадрид во 2020 стигна до титулата во Ла Лига (околу 20 милиони фунти), а „сините“ сега чекаат нова богата исплата.

Како што пренесуваат медиумите од Англија, на Челси му следуваат уште 15 милиони фунти по триумфот на Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

И покрај тоа што Еедн Азар немаше никаков учинок и одигра нешто над 80 минути во најелитното европско натпреварување оваа сезона, ќе го чини Реал Мадрид нови милиони.

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе