Актуелниот шампион Франција е првиот патник во нок-аут фазата на мундијалот во Катар, „триколорите“ обезбедија осминафинале откако со 2-1 ја совладаа Данска.
Резултатот беше отворен во 61. минута, Мбапе и Тео Ернандез двојно поиграа а напаѓачот на ПСЖ го совлада Шмајхел за 1-0.
Данска изедначи седум минути подоцна, Кристенсен по еден корнер се снајде најдобро и реализираше за 1-1.
Двете репрезентации потоа имаа прилики за нов гол, а конечниот резултат беше поставен во 86. минута.
Гризман одлично нафрли, Мбапе му избега на својот чувар на подалечната статива и успеа доволно умешно да ја закачи топката за да ја затресе мрежата за 2-1.