ЕП 2020

Дувњак е МВП на Европското првенство, двајца поранешни вардарци се во ол-стар тимот

Домагој Дувњак е прогласен за најдобар ракометар на Европското првенство, а во најдобриот тим на шампионатот се поранешните вардарци Игор Карачиќ и Хорхе Македа. 

Во пресрет на финалето на Европското првенство, ЕХФ го објави ол-стар тимот на шампионатот.
 
Главната награда ја доби Домагој Дувњак, тој е прогласен за МВП на Европското првенство.
 
Најдобар среден бек е Игор Карачиќ кој има брилијантни партии на шампионатот и е еден од клучните ракометари за успехот на Хрватска.
 
Покрај Карачиќ во тимот е и уште еден поранешен Вардарец, Хорхе Македа кој е најдобар десен бек на турнирот.
 
Најдобриот тим на ЕП 2020:
 
Голман: Гонзало Перез де Варгас (Шпанија)
Лево крило: Магнус Јоендал (Норвешка)
Лев бек: Сандер Сагосен (Норвешка)
Среден бек: Игор Карачиќ (Хрватска)
Пивот: Бенче Банхиди (Унгарија)
Десен бек: Хорхе Македа (Шпанија)
Десно крило: Блаж Јанц (Словенија)
Најдобар дефанзивец: Хендрик Пекелер (Германија)
МВП: Домагој Дувњак (Хрватска)

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе