Серија А

Драма во Фиренца со седум погодоци, Интер со случаен гол во 95. минута стигна до победа (ВИДЕО)

Интер стигна до три бода на гостувањето кај Фиорентина, „нероаѕурите" триумфираа со 3-4 со случаен гол на Мхитарјан во 95. минута.

Возбудлив натпревар со драматичен финиш во Фиренца, домаќините два пати изедначуваа против Интер, но гостите си заминаа со три бода со гол во 95. минута.

„Нероаурите“ одлично го отворија натпреварот, Барела во втората минута донесе 0-1, за Лаутаро Мартинез да зголеми на 0-2 по 15 минути игра.

Кабрал од пенал намали на 1-2 во 33. минута, за по еден час игра, Иконе прекрасно да погоди за 2-2.

Лаутаро Мартинез во 73. минута од пенал го врати Интер во водство, но Јовиќ во 90. минута ја затресе мрежата за 3-3.

И кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, Интер тргна во контра, Барела  уфрли топка во опасната зона а Венути во намера да расчисти, го погоди Мхитарјан, топката се одби кон голот и заврши зад грбот на голманот.

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе