Во пресрет на големото дерби

Драма во Чиле: Се сруши конструкција на легендарниот „Монументал“, десетици повредени (ВИДЕО)

Драма во Чиле во пресрет на големото дерби помеѓу Коло Коло и Универсидад Католика, се сруши конструкција на легендарниот „Монументал", има десетици повредени но за среќа нема жртви.

Овој викенд во Чиле се игра големото дерби помеѓу Коло Коло и Универсидад Католика, па на денешниот тренинг на „белите “присуствуваа голем број навивачи кои се подготвуваа за својата фешта на трибините.

Сепак, целиот настан за малку можеше да заврши трагично откако попушти конструкцијата на легендарниот „Монументал“.

Трибината не ги собра сите навивачи, па имаше луѓе кои стоеија и на конструкцијата и на семафорите и тоа предизвика рушење на конструкцијата која падна на трибината полна навивачи. 

За среќа нема жртви, првичните извештаи говорат за десетици повредени, кои полесно, кои со скршеници.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе