Малку фалеше Рома да изгуби два бода од дуелот со Специја, но фаворитот на крајот успеа да го добие целиот плен.
Мечот почна добро за Рома, во 17. минута Мајорал донесе предност од 1-0, но само седум минути подоцна Пиколи го изедначи резултатот.
Рома уште подобро го почна второто полувреме, со два брзи гола на Мајорал и Карсдроп дојде до водство од 3-1.
Специја намали на 3-2 преку Фариас и се врати во игра, а Верде погоди во 90. минута за 3-3. Во тие моменти се чинеше дека Рома ја испушти победата, но Пелегрини постигна гол во 92. за победа од 4-3.