Поради финансиските проблеми на Барселона, Гави играше како младинец за неговата плата да не влегува во буџетот.
Но откако изминативе месеци беа реализирани неколку трансакции за продажба на имот, плус заминувањето на Миралем Пјаниќ, се отвори доволно простор за младиот Шпанец да добие нов договор со зголемена плата и статус на првотимец.
„Барселона и Пабло Паез Гавира „Гави“ постигнаа согласност за продолжување на договорот до 30. јуни 2026 година. Откупната клаузула е поставена на 1 милијарда евра“ – гласеше известувањето.
Гави сега ќе може да одбере нов број на дресот и се говори дека штом Ла Лига даде зелено светло, на неговиот грб ќе стои легендарната „6-ка“, бројот кој го носеше и Чави.