Италијанскиот клуб потврди

Дивок Ориги е нов напаѓач на Милан

Милан денеска го комплетираше ангажманот на Дивок Ориги кој доаѓа од Ливерпул како слободен играч. 

Ориги откако ги помина медицинските тестови во Милано, стави потпис на четиригодишен договор со росонерите.
 
„Милан со задоволство може да го соопшти потпишувањето на Дивок Ориги. Белгискиот фудбалер потпиша договор со клубот до 30 јуни 2026 година“, стои во соопштението на Милан.
 
Ориги од денеска е во Миланело, но најмалку десет дена ќе тренира сам бидејќи се уште се опоравува од мускулна повреда која ја заработи во финишот од сезоната на Ливерпул.
 
27-годишниот фудбалер помина седум сезони на Енфилд, постигна 47 голови во 171 натпревар.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе