Фудбалерот од Белгија бил примамен од парите

Директорот на Интер открива: Лукаку се пресели во Челси за двојно поголема плата

Генералниот директор на Интер, Бепе Марота вели дека Ромелу Лукаку се преселил во Челси поради парите, напаѓачот од „сините" добил двојно поголема плата.

Минатото лето, раководството на Интер најавуваше дека нема да ги продаде најдобрите играчи во тимот и дека Ашраф Хакими ќе биде единствената „жртва“ но работите се променија кога Челси тропна на вратата и достави понуда за Ромелу Лукаку.

„Нероаѕурите“ одбија неколку предлози, но кога на маса беа ставени 115 милиони евра, Ромелу Лукаку си ги спакува куферите и се врати на Стемфорд Бриџ.

Генералниот директор на Интер, Бепе Марота сега вели дека фудбалерот од Белгија бил примамен од парите.

„Го продадовме Лукаку за 115 милиони евра и го донесовме Џеко за беспари. На теренот, нема многу разлика“ – вели Марота.

„Лукаку замина за да добива двојно поголема плата, во Италија нема шанси да има такви примања“.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе