Лига на шампиони

Динамо Загреб поразен на гостувањето кај Салцбург (ВИДЕО)

Динамо Загреб со минимален пораз од 1-0 се враќа од гостувањето кај Салцбург, Адеми го одигра целиот натпревар, Ристовски беше на клупата. 

Динамо Загреб не успеа да остане непоразен кај тимот кој немаше победа до овој меч, Салцбург дојде до првиот триумф благодарение на гол од пенал.
 
Прекршокот го направи Мохарами, играчот кој на овој меч играше на местото од Стефан Ристовски. Тоа се случи во 71. минута, а Окафор беше прецизен од белата точка.
 
 
Во судиското продолжение Динамо Загреб даде гол, но погодокот беше поништен поради офсајд.
 
Лајпциг со 3-1 го совлада Селтик. Андре Силва даде два гола, Нкуку еден, голот за гостите беше дело на Жота.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе