Копа дел Реј

Димитриевски одбрани се што можеше да се одбрани, но не можеше ништо при головите на Меси и Де Јонг (ВИДЕО)

Барселона со 1-2 триумфираше на гостувањето кај Рајо и се пласираше во четвртфинале од Копа дел Реј, Столе Димитривески имаше неколку добри интервенции но не можеше да стори ништо при головите на Лео Меси и Френки де Јонг.

Рајо добро ја намачи Барса, домаќините дури имаа и водство, но квалитетот на гостите дојде до израз и тие го продолжуваат настапот во Копа дел Реј.

Нашиот Столе Димитриевски имаше неколку добри интервенции во првиот дел, ги спречи обидите на Тринкао, Меси и Гризман а имаше и среќа кога Де Јонг и Пуџ ја погодија рамката од голот.

За овие промашувања казната стигна во 63. минута, по една брза контра Фран Гарсија донесе 1-0.

Куман потоа направи три замени, во игра влегоа Алба, Дембеле и Педри и веднаш дојде до изедначување.

Де Јонг одлично го уфрли Гризман кој несебично го проигра Меси а Аргентинецот осамен рутински ја затресе мрежата за 1-1.

Десет минути подоцна, во една класична акција за Барса, Меси уфрли топка за Алба кој спушти на пет метри каде осамениот Де Јонг го матираше Димитриевски за 1-2.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе