Македонецот на трет меч во низа ја сочува мрежата

Димитриевски: Кога ќе ја сопреш Барса и тоа со Левандовски и Рафиња, е уште послатко

Столе Димитриевски вели дека е среќен со својата партија и тоа што помогнал неговиот тим да осатне непоразен на гостувањето на Камп Ноу против Барселона.

Барселона ова лето осетно се засили, на подготовките редовно ги тресеше противничките мрежи, но Столе Димитривски вчера одново ги фрустрираше „каталонците“, Македонецот го сочува својот гол и Рајо си замина од Камп Ноу со бод.

„Секогаш е тешко да ја сочувате мрежата, но еве успеавме да не примиме гол на три натпревари во низа против Барса, од кои два беа на Камп Ноу“ – рече по крајот на пресметката Столе Димитриевски, кој беше избран за играч на натпреварот.

„Јас секогаш се обидувам да го дадам најдоброто од себе и да му помогнам на тимот, па среќен сум што дадов допринос да освоиме бод“.

„Имавме план, и го реализиравме. Кога ќе ја сопреш Барселона, и тоа со новите засилувања, е уште послатко“.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе