Македонскиот голман се пофали со подарокот

Димитриевски го доби пивото од Меси (ФОТО)

Голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски преку социјалните мрежи се пофали со пивото кое го доби од Лео Меси. 

Спонзорот на Меси, „Бадвајзер“ направи специјална серија на пива за сите голмани кои имаат примено гол од Лео Меси. Аргентинецот во дресот на Барселона има дадено 644 голови, и исто толку пива беа испратени за голманите.
 
Секој голман добиваше пиво со редниот број од голот на Меси, тие што имаа примено повеќе голови добија повеќе пива. Лео еднаш ја затресе и мрежата на Столе Димитриевски на меч меѓу Барса и Рајо Ваљекано.
 
Денеска Димитриевски преку својот инстаграм профил се пофали дека го добил пивото и напиша: „Брилијантно изменаџирано. Ти благодарам за најспецијалното пиво“.
 
Димитриевски го прими 586. гол на Лео Меси.
 
 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Stole Dimitrievski (@stole_gk)

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе