Пауло Дибала изминатово лето се поврзуваше со неколку клубови откако Јувентус реши да не му го продолжи договорот, Интер се посочуваше како главен фаворит но Аргентинецот на крајот заврши во Рома.
„Последните две години во Јувентус не беа лесни, ми беше потребна промена. Мурињо ми се јави и за неколку минути донесов одлука. Тој и спортскиот директор ми го објаснија проектот и желбата да продолжат да победуваат. Да се биде протагонист во таков клуб ми е од голема помош“ – вели Пауло Дибала.
„Со Мурињо имам една убава приказна. Кога во Рим гостувавме со Јувентус, водевме со 3-4 и тренерот ме извади од игра. Мурињо ми пријде и ми рече, „Ти си феномен“. Овие коментари ми останаа во мислите, но тогаш не знаев дека ќе треба да барам нов клуб“.
„Кога ми се јави првиот пат, ми праша дали го паметам тој момент, и му реков, „Секако, како можам да го заборавам, ми направи голема чест“. Тој ми рече, „Сега ќе треба да бидеш феноменален за мене“. Ми се јави уште неколку пати во следните денови па одлуката беше лесна“.
„Мурињо е феномен, разговараме за многу работи. Ги познава сите играчи, од елитата па до трета лига. Бев изненаден од неговата скромност, сите ги третира исто. Понекогаш се добива погрешна слика од потезите кои ги прави покрај аут линијата, но всушност тој е сосема друг човек“.
„Многу сум среќен во Рома, а кога сте среќни, многу е полесно“.