Комплициран е договорот на Дибала

Дибала има четири откупни клаузули, највисоката е за Интер, нема само за еден клуб (ФОТО)

Пауло Дибала потпиша тригодишен договор со Рома, а специфично за него е што има дури четири вида на откупни клаузули, за Интер и Милан има посебни, а Лацио е единствениот клуб кој не може да го купи Аргентинецот.

Дибала потпиша договор со Рома до 30 јуни 2025 година за годишна плата од 6 милиони евра по сезона вклучително и бонуси.

Интересно е тоа што има четири откупни клаузули кои можат да бидат активирани веќе од 1 јули 2023 година и важат само во месец јули во 2023 и 2024 година.

Највисоката откупна клаузула е за Интер, доколку нероазурите сакаат да го купат ќе треба да одвојат 35,5 милиони евра.

Посебна клаузула има и за Милан која е исто така висока, изнесува 31,25 милиони евра.

Третата откупна клаузула е за останатите италијански клубови, таа изнесува 20,75 милиони евра, но со исклучок на Лацио. За соседот на Рома нема откупна клаузула.

Четвртата откупна клаузула е за клубовите надвор од Италија, таа изнесува 21,95 милиони евра.

Трендот на заминување на младите од родната земја е загрижувачка појава која се случува во Македонија.

повеќе

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе