Серија А

Дибала и Смолинг погодија за пресврт и славје на Рома на гостувањето кај Интер (ВИДЕО)

Рома со три бода си замина од „Џузепе Меаца", со головите на Пауло Дибала и Крис Смолинг, гостите направија пресврт и славеа со 1-2 против Интер.

На Симоне Инзаги му се смешка отказ, Интер вечерва загуби дома во пресметката со Рома.

„Нероаѕурите“ го отворија резултатот по половина час игра, Ди Марко биеше по земја и го совлада Руи Патрисио за 1-0.

Десет минути подоцна, Рома изедначи на 1-1, Спинацола нафрли а Дибала убаво закачи волеј и ја затресе мрежата.

Интер во второто полувреме се обиде да се врати во предност имаше неколку убави шанси, Чалханоглу ја погоди пречката од слободен удар.

И кога се чинеше дека само прашање на време е кога домаќините ќе постигнат гол, Смолинг ја замолкна публиката и по еден прекин погоди со глава за 1-2.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе