Аргентинецот го одбра новиот клуб

Дибала е нов фудбалер на Рома

Веќе нема дилеми, Пауло Дибала ќе биде нов играч на Рома, зделката би требало да биде комплетирана во текот на денешниот ден.

Џанлука Ди Марцио е еден од најголемите италијански новинари и кога тој ќе објави нешто, може да се смета за официјално.

Тој твитна дека Пауло Дибала е нов фудбалер на Рома, што значи дека само прашање на време е кога ќе стигне потврда и од римскиот клуб.

Дибала ќе добие тригодишен договор со плата од 4,5 милиони евра која со бонуси може да стигне до 6 милиони евра.

Тоти веројатно ќе му ја даде десетката на Дибала која беше пензионирана.

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе