Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио, ги има и деталите за новиот договор на Пиоли со Милан.
Според него, платата на Пиоли е зголемена за 500.000 евра, сега заработува 4,1 милиони евра по сезона.
Во претходниот договор имаше клаузула за бонус доколку го освои Скудетото, таа се активираше минатата сезона. Таа останува и во новиот договор.
Но, во новиот договор има и уште една нова клаузула која ја немаше во претходниот, а тоа е бонус за освојување на Лигата на шампионите.
Таквата клаузула ги отсликува амбициите на Милан кои сега целат и на трофејот од Лигата на шампионите.