Барселона

Дембеле пристигна во Барселона да го обнови договорот (ВИДЕО)

Усман Дембеле доцна синоќа слета во Барселона каде во наредните денови ќе го официјализира новиот договор со каталонскиот клуб кој веќе е договорен.

Дембеле и Барселона постигнаа согласност за нов договор кој ќе трае до јуни 2024 година.

Фудбалерот прифати значително намалување на платата, таа ќе му биде за 40 проценти помала од онаа која ја заработуваше претходно, но со бонуси поврзани со перформансите неговите примања можат да се зголемат.

Се чини дека Дембеле брзо сфати дека претходната плата во Барселона му беше нереално висока и ниту еден друг клуб не му нуди ни приближно толку, па реши да ја прифати последната понуда од Барса која долго беше на маса.

Останувањето на Дембеле беше желба и на Чави. Фудбалерот се препороди под негово водство во финишот од сезоната.

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе