„Ѓаволите“ пред првиот трансфер ова лето

Делегација на Манчестер јунајтед е во Амстердам за да го договори првото засилување за Тен Хаг

Медиумите од Англија пренесуваат дека делегација на Манчестер јунајтед е во Амстердам со цел да го договори трансферот на Антони, Бразилецот треба да биде првото засилување за Ерик тен Хаг.

„Ѓаволите“ се поврзуваат со голем број на имиња, но до овој момент нема пристигнато потврда за ниту еден трансфер. Сепак, работите можат да се променат во брзо време, Сан пренесува дека делегација на Манчестер јунајтед денеска ќе биде во Амстердам со цел да го договори Антони.

Манчестер јунајтед е подготвен да плати 40 милиони фунти за услугите на Бразилецот и да го направи прво засилување во ерерата на Ерик тен Хаг.

22 годишниот Антони имаше солидна сезона со 12 погодоци и 10 асистенции на 33 натпревари, голема заслуга за ова има Ерик тен Хаг.

Кога пристигна веста дека стратегот го напушта Ајакс и се сели во Манчестер јунајтед, Бразилецот на социјалните мрежи напиша: „Ти благодарам за се што ме научи. Ако некогаш ти затребам, знај дека ќе бидам покрај тебе“.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе