Лига на шампиони квалификации

Деби на Барди за Трабзонспор, Ристовски и Адеми одиграа по 90 минути за Динамо Загреб

Енис Барди ги одигра првите минути во дресот на Трабзонспор откако во игра влезе во второто полувреме на мечот во Копенхаген кој го добија домаќините со 2-1, загуби и Динамо Загреб кај Бодо/Глимт со 1-0. 

ФК Копенхаген имаше водство од 2-0 кога во 58. минута во игра влезе Енис Барди. 20 минути подоцна Трабзонспор успеа да го намали резултатот на 2-1 што беше и конечен исход на мечот.
 
Ова беа првите минути на Енис Барди во дресот на Трабзонспор.
 
Турскиот тим се враќа со активен резултат, ќе биде жестока атмосферата на реваншот.
 
Стефан Ристовски и Аријан Адеми одиграа по 90 минути за Динамо Загреб кој со 1-0 загуби на гостувањето кај Бодо/Глимт.
 
Во третиот денешен меч од плејофот за влез во Лигата на шампионите, Глазгов Ренџерс и ПСВ Ајндховен одиграа нерешено 2-2.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе