Стрелците не беа расположени денеска во Премиерлигата, на првите четири денешни меча паднаа вкупно три гола.
Еден од нив беше на Енфилд, каде Дарвин Нуњез го постигна својот прв домашен гол за Ливерпул и му донесе победа на тимот од 1-0.
Нуњез еднаш ја погоди и стативата од голот на Фабијански, а полскиот голман и му одбрани една одлична шанса.
Челси одигра 0-0 на гостувањето кај Брентфорд.
Њукасл со погодок на Алмирон го совлада Евертон, а Саутемптон со гол на Адамс славеше на гостувањето кај Борнмут.