Во прашање се денови за комплетирање на голема зделка

Дали Манчестер јунајтед ја има добитната формула за трансферот на Санчо?

Голем број на извори пишуваат дека Манчестер јунајтед во следните денови ќе го ангажира Џејдон Санчо, „ѓаволите" и Борусија Дортмунд се многу блиску до компромис.

Џејдон Санчо е на чекор до враќање на „островото“. Се верува дека преговорите помеѓу Манчестер јунајтед и Борусија Дортмунд се во напредна фаза и во следните денови може да пристигне официјална потврда.

„Ѓаволите“ имаат формула со која веруваат дека „милионерите“ ќе дадат амин за реализирање на трансферот.

Манчестер јунајтед сака да го купи Џејдон Санчо на рати, односно сега да плати 70 милиони евра, 30 милиони евра во 2021 и уште 20 милиони евра во 2022.

На овој начин, Борусија Дортмунд ќе има доволно средства за сега да ангажира соодветна замена, а ќе ги добие и бараните 120 милиони евра.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе