Името на Роберт Левандовски често е дел од трансфер шпекулациите, а денеска од Полска пристигна информација дека напаѓачот решил да замине од Баерн Минхен и веќе го известил генералниот извршен директор, Оливер Кан за својата намера.
Исто така беше објавено дека тој кариерата ќе ја продолжи на Камп Ноу и договорил тригодишна соработка со Барселона.
Сепак, не беа откриени имформации за висината на трансферот и колку Барселона ќе треба да му плати на Баерн Минхен.
Одредени извори говорат за можноста Роберт Левандовски да го искористи фамозниот член 17 на ФИФА. Ова правило, кое е познато како „Вебстер“, им дава можност на фудбалерите еднострано да го раскинат договорот доколку се исполнат одредени услови и ФИФА ќе биде таа која ќе ја одреди компензацијата која ќе ја добие клубот, но таа нема да биде ниту приближна до лудите суми кои се плаќаат во денешно време.
Со оглед на тоа дека Роберт Левандовски има повеќе од 28 години и одработи две години од актуелниот договор, летоска ќе исполни услови да го активира членот 17 на ФИФА, и најдоцна 15 дена по крајот на сезоната треба да го извести клубот за својата намера.
Останува да се види дали Полјакот ќе повлече еден ваков потег, ниту едно звучно име до сега го нема искористено правилото „Вебестер“.