Конференциска лига

ЦСКА Софија само ја налути Рома, Партизан го победи Анортозис (ВИДЕО)

Се одигра и првото коло од групната фаза во новвата, Конференциска лига, Рома со 5-1 ја победи ЦСКА Софија, Партизан со 2-0 славеше кај Анортозис. 

ЦСКА Софија поведе уште во десетата минута со гол на Кареј, но потоа следуваше потоп.
 
Со погодоци на Пелегрини и Ел Шарав, Рома го сврте натпреварот уште во првото полувреме.
 
Потоа Пелегрини погоди уште еднаш за 3-1, а до крајот на мечот голови дадоа и Манчини и Абрахам за конечни 5-1.
 
Партизан се враќа со победа од Кипар, го победи Анортозис со 2-0. Головите ги дадоа Мениг во првото полувреме и Гомес во вториот дел.
 
Од останатите мечеви може да се издвои и ремито на Тотнем на гостувањето кај Рен, 2-2.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе