Црвена звезда

Црвена звезда потпиша нов договор со Дејан Станковиќ

Дејан Станковиќ ќе остане тренер на Црвена звезда, тој денеска потпиша нов тригодишен договор со црвено-белите. 

Иако се шпекулираше дека Станковиќ ќе замине од Црвена звезда и ќе стане тренер на тим од Серија А, сепак тоа нема да се случи. Двете страни постигнаа договор за продолжување на соработката.
 
„Дејан Станковиќ го продолжи договорот со Црвена звезда. Тој стави потпис на договор до 2025 година“, соопшти српскиот клуб.
 
Утре се игра големото финале од Купот на Србија меѓу Црвена звезда и Партизан, доколку црвено-белите победат, ќе ја освојат двојната круна.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе