Лига на шампиони квалификации

Црвена звезда и Динамо Загреб имаат уште по една пречка до место во групната фаза од ЛШ

Црвена звезда и Динамо Загреб со уште по една победа го заверија настапот во плејофот за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. 

Црвена звезда во првиот натпревар кој се играше во Белград, со 5-0 го победи Пјуник и уште тогаш беше јасно дека тие ќе бидат и вкупниот победник во овој дуел.
 
Денеска во Ерменија беа само рутински да ја завршат работата, така и беше, Црвена звезда дојде до нов триумф, овојпат од 2-0.
 
Канга во првото и Павков во второто полувреме беа стрелци на головите за Црвена звезда.
 
Лесно помина и Динамо Загреб на Адеми и Ристовски. Хрватите уште еднаш го победија Лудогорец, овојпат на Максимир со 4-2 и со вкупни 6-3 одат понатаму.
 
Адеми го одигра целиот натпревар, Ристовски настапи во првото полувреме и беше асистент на првиот гол за Динамо кој го даде Дрмиќ. Два погодока постигна Оршиќ, а еден беше дело на Петковиќ.
 
Бугарскиот тим овој натпревар го заврши со осум фудбалери откако дури тројца беа исклучени од игра, двајца со втор жолт картон и еден со директен црвен.
 
Динамо Загреб за противник во плејофот го има Бодо/Глимт, а Црвена звезда ќе игра против Макаби Хаифа.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе