Откако го освои српското првенство, Црвена звезда беше најдобра и во купот на оваа земја. Две години по ред црвено-белите ја освојуваат двојната круна.
Александар Катаи во 26. минута постигна прекрасен гол за водство на Црвена звезда од 1-0.
Во 62. минута Урошевиќ го изедначи резултатот на 1-1, но десет минути подоцна Катаи постигна нов гол за победа на Звезда од 2-1.