Лига Европа

Црвена звезда без пораз доживеа елиминација од Милан, храбро издание на српскиот тим (ВИДЕО)

Црвена звезда одигра 1-1 на гостувањето кај Милан, српскиот тим се покажа во одлично светло, беше блиску до сензација, но на крајот Милан е тој што продолжува да игра во Лига Европа. 

Милан не успеа да ја победи Црвена звезда во ниту еден од двата натпревари, но поради гол повеќе во гости оди во осминафиналето.
 
Малку фалеше Црвена звезда уште еднаш да направи сензација со играч помалку, белградскиот тим имаше шанси, а кога истекуваше судиското продолжение имаа и корнер, но судијата свирна крај и не им дозволи да го изведат. Фудбалерите и стручниот штаб на Звезда беа бесни на таквата одлука.
 
Милан поведе уште во деветата минута со гол од пенал на Кеси, но веќе во 24. минута Бен изедначи на 1-1.
 
Во 70. минута Гобељиќ заработи втор жолт картон, но ниту тогаш Звезда не се откажа, продолжи да напаѓа и да бара втор гол. Сепак Милан се провлече.

Црвена звезда одигра храбар меч и навивачите на овој тим треба да бидат горди со изданието на фудбалерите и покрај елиминацијата.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе