Како што пренесува Билд, на крајот од август, претставници на Челси се сретнале со Кристофер Нкунку, на играчот исто така му биле извршени кардиолошки прегледи во присуство на доктор на „сините“.
Двете страни не сакале да се крене голема прашина, па средбата се случила на неутрален терен во Франкфурт и се било во голема тајност.
Билд додава дека ова е подготовка на терен за трансфер следната година, се верува дека во договорот на Кристофер Нкунку има откупна клаузула од 60 милиони евра која се активира летото во 2023.