Томас Тухел дал зелено светло за трансфер

Челси со прва понуда за Роналдо вредна 14 милиони фунти

Извори од Англија пренесуваат дека Томас Тухел дал зелено светло за ангажман на Кристијано Роналдо па Челси ќе достави понуда вредна 14 милиони фунти.

„Сините“ заедно со Лестер се единствените клубови од Премиерлигата кои се уште немаат донесено засилување ова лето, но работите можат да се променат наскоро.

Доцна синоќа беше објавено дека Челси се договорил со Рахим Стерлинг, Англичанецот ќе стане еден од најплатените играчи на Стемфорд Бриџ. Се очекува во скоро време да падне дил и со Манчестер Сити за зделка вредна околу 45 милиони фунти и да пристигне официјално соопштение.

Се подготвува и трансфер на Кристијано Роналдо, извори од Англија пренесуваат дека Томас Тухел дал зелено светло за ангажман на ЦР7 и „сините“ ќе достават понуда вредна 14 милиони фунти.

Наводно во Манчестер јунајтед се помириле дека нема да го задржат Кристијано Роналдо, Ерик тен Хаг веќе почнал да крои планови за тимот без Португалецот во него, но останува да се види дали „ѓаволите“ ќе сакаат да го продадат на ривал од Премиерлигата.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе