Премиерлига

Челси шутна еднаш во голот и стигна до три бода, Брентфорд не заслужи да биде поразен (ВИДЕО)

Челси си замина со три бода од гостувањето кај новајлијата Брентфорд, „сините" стигнаа до победа од 0-1 со само еден шут во рамките на голот, оној на Чилвел во финишот од првото полувреме.

Челси се врати на врвот на табелата во Премиерлигата, избраниците на Томас Тухел вечерва триумфираа со 0-1 на гостувањето кај Брентфорд.

Новајлијата не заслужи да биде поразен, но ќе мора да се помири со резултатот. „Сините“ не прикажаа многу, имаа само еден шут во рамките на голот, оној на Чилвел во финишот од првото полувреме, кога левиот бек прекрасно погоди од врвот на шеснаесетникот.

Во последните 15 минути Челси не можеше да излезе од сопствената половина, Брентфорд силно притисна, креираше неколку добри шанси, но Менди беше инзвонреден и не дозволи да биде совладан.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе