Веќе нема дилеми, стигна потврда и од Челси, бекот Марк Кукуреља е нов фудбалер на сините.
„По бројните информации во медиумите оваа недела, можеме да потврдиме дека е постигнат договор со Брајтон за Марк Кукуреља“, стои во соопштението на Челси.
Тој веќе ги помина и медицинските тестови и можно е да биде во комбинација веќе за утрешниот меч против Евертон.
Челси на Брајтон ќе му плати 55 милиони фунти плус 7 милиони фунти во бонуси.
Во спротивен правец ќе замине Леви Ковил кој ќе игра на позајмица во Брајтон до крајот на оваа сезона.
„Можам да кажам дека Марк е фантастичен фудбалер кој може да игра на повеќе позиции“, изјави Томас Тухел.
Со доаѓањето на Кукуреља се очекува да се забрза и заминувањето на Алонсо кој наскоро треба да потпише за Барселона.