Лига на шампиони

Челси и Севиља победија во судиското продолжение и обезбедија осминафинале (ВИДЕО)

Идентично, во самиот финиш од мечевите Челси триумфираше со 2-1 кај Рен, Севиља победи со 2-1 кај Краснодар, двата фаворити на две кола пред крајот се пласираа во следната фаза од Лигата на шампионите. 

Челси уште еднаш го победи Рен, овој пат на негов терен со 2-1, триумф кој ги носи понатаму и покрај тоа што имаат уште два натпревари до крајот.
 
Сините поведоа со гол на Хадсон Одои во 22. минута од мечот, тој резултат беше актуелен до 85. минута кога Гуираси погоди со глава и донесе надеж за Рен дека можат да го добијат овој дуел.
 
Но Оливие Жиру погоди со глава во судиското продолжение и го однесе Челси во осминафиналето.
 
Слично беше и на мечот меѓу Краснодар и Севиља, и таму гостите победија со 2-1 со гол во судиското продолжение.
 
Мечот го отвори Ракитиќ во четвртата минута, а по десет минути игра во вториот дел Вандерсон го изедначи резултатот.
 
Победата за Севиља ја донесе Ел Хадади во 95. минута.
 
По четири одиграни кола Челси и Севиља се на првите две места со по десет бодови, Краснодар и Рен имаат по еден бод.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе