Френк Лампард синоќа доби отказ од Челси, клубот од Стемфорд Бриџ реши дека е време за промени и се раздели со својата легенда.
Се шпекулира дека Томас Тухел ќе биде новиот предводник на „сините“ но тој не бил прв избор.
Според „Атлетик“, Челси почнал да се распрашува за нов тренер уште по поразот од Лестер и бил остварен контакт со Ралф Рангник. Искусниот стратег, кој има работено и како спортски директор, сепак го одбил предлогот бидејќи му било понудено да го предводи првиот тим до крајот на сезоната.
Потоа бил остварен контакт и со Јулијан Нагелсман, но „сините“ добиле „корпа“ и од тренерот на РБ Лајпциг.