Ансу Фати доживеа нов пех против Атлетик Билбао во Копа дел Реј, Чави денеска потврди дека се работи за истата повреда поради која напаѓачот паузираше два месеци и само што се врати на терените.
Се говори за можноста Ансу Фати да биде опериран и да паузира подолго време, конечната одлука ќе биде донесена во понеделник.
„Ансу е разочаран, се работи за тешка ситуација, во понеделник ќе имаме нова средба и ќе донесеме одлука. Веќе разговаравме со неговото семејство, ситуацијата е тешка се работи за обнова на повредата“ – вели Чави.
„Докторите ми кажаа дека може да одигра 30-35 минути, плановите ги поремети тоа што мечот отиде во продолженија. Го прашавме дали се чувствува добро и дали може да продолжи, тешко се контролираат ваквите работи“.
„Ќе се обидеме да креираме специфичен план за тој никогаш повеќе да не се повреди и да биде 100% фит. Во понеделник ќе седнеме на маса со докторите, со неговото семејство и ќе видиме што треба да се прави“.