Претседателот и тренерот разговарале по ремито со Интер

Чави дал три оправдувања за лошиот настап во ЛШ, Лапорта одредил минимална цел оваа сезона

Според пишувањата на АС, Чави му се правдал на Жоан Лапорта дека лошиот настап во Лигата на шампиони се должи на повредите, лошите судиски одлуки и недостигот на лидерство, претседателот ја поставил титулата од Ла Лига како приоритет.

Барселона е на чекор до нова елиминација во Лигата на шампиони откако во средата одигра 3-3 против Интер.

По крајот на натпреварот, Жоан Лапорта имал средба со Чави, и според пишувањата на АС, претседателот потсетил дека неуспехот да се помине групната фаза е голем чекор назад, како на спортски, така и на економски план.

Првиот човек на Барселона исто така поставил минимална цел за оваа сезона, и без ЛШ, главниот фокус е на Ла Лига. Секој друг трофеј плус е добредојден, но титулата од првенството на Шпанија е апсолутен приоритет.

АС исто така додава дека Чави дал три оправдувања за лошиот настап во ЛШ, односно повредите на клучни играчи во одбраната како Араухо и Кунде, лошите судиски одлуки во Минхен и особено во Милано, и недостигот на лидерство, односно капитените не одиграле на ниво кога најмногу било потребно.

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе

Слоганот на македонското претседателство со ОБСЕ е “It’s About People” и затоа ќе е доблесно МНР да побара помош и поддршка за да си ги заштити националните интереси, интегритетот, суверенитетот, јазикот и идентитетот.

повеќе