Лига на шампиони квалификации

Чачиќ: Ни беше тешко, но го имаме Адеми

Тренерот на Динамо Загреб, Анте Чачиќ имаше посебни пофалби за македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми кој го однесе хрватскиот тим во следното коло од квалификациите во Лигата на шампионите.

Динамо Загреб со 1-0 го победи Шкупи во Скопје благодарение на гол на Аријан Адеми, кој беше стрелец и на мечот во Загреб.

„Беше тешко, не ги користевме нашите шанси. Но дојдовме до гол преку нашиот капитен Адеми, кој е фудбалер што дава сè од себе за тимот. Адеми постигна многу важни голови за Динамо и неговиот ефект за тимот е огромен“, вели тренерот на Динамо Загреб, Анте Чачиќ.

Во следното квалификациско коло од Лигата на шампионите, Динамо Загреб ќе игра против Лудогорец.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе