Навивачката група на Вардар славеше три јубилеи

Цел кеј гореше, Комити славеа 35 години од формирањето (ВИДЕО)

Навивачката група Комити синоќа со спектакуларно пиротехничкко шоу го прослави својот 35 роденден, околу 1.000 факели беа запалени од Ѓорче до Ново Лисиче.

Комити синоќа славеа 35 години од своето постоење, 75 години од формирањето на Вардар и пет години од првата европска титула на вардаровите ракометари.

„Улиците се наши, градот е наш. Од Лисиче до Ѓорче, срцата чукаат за Вардар, како што речиси илјади факели го осветлија кејот, за 35 години од формирањето на скопската и македонска авангарда - Комити Запад“, напишаа Комити.

Синоќа се одржа и концерт пред салата „Јане Сандански“ во чест на Комити и Вардар.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе