Комити синоќа славеа 35 години од своето постоење, 75 години од формирањето на Вардар и пет години од првата европска титула на вардаровите ракометари.
„Улиците се наши, градот е наш. Од Лисиче до Ѓорче, срцата чукаат за Вардар, како што речиси илјади факели го осветлија кејот, за 35 години од формирањето на скопската и македонска авангарда - Комити Запад“, напишаа Комити.
Синоќа се одржа и концерт пред салата „Јане Сандански“ во чест на Комити и Вардар.