Лудило без граници

Бројките од летниот преоден рок: Челси потроши најмногу пари, Нотингем ангажираше најмногу фудбалери

Летниот преоден рок заврши во најголемиот дел од првенствата, Челси беше клубот кој потроши најмногу и одвои преку 250 милиони фунти на засилувања, Нотингем Форест пак го направи најголемиот ремонт и ангажираше дури 21 фудбалер.

Синоќа на полноќ заврши летниот преоден рок во најголемиот дел од првенствата, клубовите сега ќе можат целиот фокус да го насочат на натпреварите од домашните и европските првенства.

Кризата која го зафати фудбалот изминативе години очигледно е минато, клубовите од најсилните 5 првенства во Европа (Англија, Италија, Шпанија, Франција и Германија) поторошија нешто над 4 милијарди фунти, само клубовите од Премиерлигата потрошија околу 2 милијарди фунти.

Најмногу на засилувања одвои Челси, „сините“ потрошија преку 250 милиони фунти ова лето.

Најголема реконструкција направи Нотингем Форест, повратникот во Премиерлигата ангажираше дури 21 фудбалер.

Трансферот на Антони од Ајакс во Манчестер јунајтед вреден 95 милиони евра плус бонуси е најскапата зделка ова лето.

Ајакс исто така е клубот кој го заврши преодниот рок го најголем плус, клубот од Амстердам е во позитива од преку 110 милиони евра.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе