Премиерлига

Брентфорд го понижи Манчестер јунајтед, дебакл на црвените ѓаволи (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со 4-0 загуби на гостувањето кај Брентфорд и првпат откако Премиерлигата е во овој формат тие стартуваат со два порази по првите две кола. 

По поразот на домашен терен од Брајтон, Манчестер јунајтед денеска доживеа вистински дебакл на гостувањето кај Брентфорд.
 
Тешкиот пораз на Манчестер јунајтед го најави Дасилва кој со шут од далечина погоди за 1-0, катастрофална интервенција на Давид Де Хеа.
 
Само осум минути подоцна нова грешка на Манчестер јунајтед, овојпат погоди Јенсен за предност од 2-0.
 
Во 30. минута Ми зголеми на 3-0, а само пет минути подоцна Мбуемо погоди за конечни 4-0.
 
Манчестер јунајтед во следното коло игра против Ливерпул.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе