ПМФЛ

Брегалница со пресврт до гостинска победа кај Академија Пандев, Силекс подобар од Работнички

Брегалница со 2-1 победи на гостувањето кај Академија Пандев, Силекс со 2-0 славеше над Работнички во рамките од првото коло во Првата македонска фудбалска лига. 

Фото: ФК Брегалница
Брегалница има одличен старт на новата сезона откако од Струмица во Штип го носи целиот плен, Академија Пандев имаше водство, но не го сочува.
 
Резултатот беше отворен во 16. минута кога Илија Донов нафрли од слободен удар, а Јоковиќ погоди со глава и донесе водство за домаќините од 1-0. Со тој резултат заврши првото полувреме.
 
Во вториот дел Брегалница притисна и во 58. минута преку Дарко Додев израмни на 1-1, а Ристевски подоцна погоди за комплетен пресврт и победа од 2-1.
 
Силекс ја искористи предноста на домашен терен и дојде до победа над Работнички од 2-0. Тренерот на романтичарите, Љупчо Марковски дебитираше со пораз.
 
Резултатот го отвори Љамалари во 58. минута, а конечните 2-0 ги постави Стојчевски од пенал во судиското продолжение од мечот. 
 
Вчера Струга Трим Лум ја совлада Победа со 3-0. А мечевите Шкендија - Скопје и Тиквеш - Шкупи се одложени поради учеството на македонските претставници во Европа.  
 
Македонија Ѓорче Петров е слободна во првото коло.

Легенда под Главна слика

Фото: ФК Брегалница

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе