ФК Брегалниица

Брегалница го осуди инцидентот во Штип: Насилствата му нанесуваат само штета на фудбалот

Фудбалскиот клуб Брегалница преку соопштение го осуди денешниот инцидент во Штип меѓу навививачките групи Фаланга и Лозари. 

Денеска низ улиците на Штип се водеше „војна“ меѓу навивачките групи на Брегалница, „Фаналга“ и на Тиквеш „Лозари“, во кои имаше повеќе повредени.
 
И покрај тоа што не е дозволен влез на стадионите за навивачите, навивачката група на Тиквеш допатува во Штип, а полицијата не беше спремна за интервенција, па дојде до тепачка меѓу двете групи.
 
ФК Брегалница излезе со соопштение:
 
„ФК Брегалница изразува жалење за несаканиот инцидент кој се случи меѓу дел од навивачите на Брегалница и Тиквеш во пресрет на денешниот дерби натпревар од 14. коло во Втората лига - Исток.
 
Несаканите сцени апсолутно не се во согласност со начелата кон кои тежнее ФК Брегалница како клуб кој е максимално посветен на определбата за исфрлање на насилството од терените и надвор од нив, и вистински спортски пријател со сите фудбалски чинители во Македонија. Отворено го искажуваме нашиот став за осуда на таквите случувања кои, секако, од ниту еден аспект не може да се поддржат и оправдаат, а кои единствено нанесуваат штета на фудбалот воопшто.
 
Испраќаме силна порака за максимално фер и коректно навивање и во иднина, како единствен начин за спречување на сите немили сцени, како оние денешните, на и околу нашите фудбалски стадиони. Па, заедно со сите наши поддржувачи и навивачи, ФК Брегалница да биде вистинскиот пример-двигател за промоцијата на спортот во регионот и во Македонија“, се вели во соопштението на Брегалница.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе