Бостон е единствениот тим оваа сезона кој со перфектни 4-0 ја помина својата прва пречка во плејофот. Бруклин на свој терен доживеа уште еден пораз, овојпат од 116-112.
Дурент имаше одлична партија, но не можеше сам, постигна 39 поени, имаше седум скокови и девет асистенции. Најдобар кај Бостон беше Тејтум со 29 поени.
Далас со убедливи 102-77 ја победи Јута и поведе со 3-2 во серијата. Лука Дончиќ со 33 поени и 13 скокови беше најдобар на теренот, во составот на Јута, Кларксон постигна 20 поени.
Торонто забележа втора победа по ред против Филаделфија и намали на 3-2. Овојпат славеа со 103-88. Сиакам со 23 поени и 10 скокови беше најдобар во составот на Торонто, за Филаделфија, Ембид постигна 20 поени, имаше и 11 скокови.
Резултати:
Бруклин - Бостон 112:116 (0-4)
Филаделфија - Торонто 88:103 (3-2)
Далас - Јута 102:77 (3-2)