„Милионерите“ не седат со скрстени раце

Борусија Дортмунд започна со операцијата „наследник на Халанд“, 30 скаути ќе го бараат господинот X

Според пишувањата на Спорт1, Борусија Дортмунд е во потрага на наследник на Ерлинг Халанд, 30 скаути добиле задача да најдат нов голгетер на возраст помеѓу 19 и 24 години и по можност да не треба да се плати голема сума.

Често се пишува дека Ерлинг Халанд ќе замине од „Сигнал Идуна Парк“ по крајот на сезоната, се верува дека во договорот на Норвежанецот има откупна клаузула вредна 75 милиони евра (некои извори пишуваат дека таа ќе порасне на 90 милиони евра).

Пред неколку дена, генералниот извршен директор, Ханс Јоаким Вацке изјави дека се уште ништо не е решено за иднината на Ерлинг Халанд, но очигледно „милионерите“ не седат со скрстени раце. Спортскиот директор Михаел Цорк, неговиот наследник Себастијан Кел, техничкиот директор Един Терзиќ и главниот скаут Маркус Пилава веќе работат на случајот.

Спорт1 пренесува дека околу 30 скаути добиле задача да да го најдат госпидонот X ширум Европа. Новиот голгетер треба да биде на возраст помеѓу 19 и 24 години и по можност да не треба да се плати голема сума, пожелно е да се копира трансферот на Ерлинг Халанд, кога на РБ Салцбург му беа платени 20 милиони евра.

Сепак, задачата нема да биде лесна, во денешни услови тешко се доаѓа до голем талент за малку пари. Спорт1 не ја исклучува можноста за наследникот на Ерлинг Халанд да биде платена рекордна сума, односно Борусија Дортмунд да одвои помеѓу 30 и 40 милиони евра (во моментов рекорден трансфер е оној на Матс Хумалс во 2019 година и изнесува 31,5 милиони евра).

Во моментов, прилично интересни се 23 годишниот Каспер Долберг од Ница, како и неговиот соиграч, 21 годишниот Амин Гуири.

Антони Марсијал од Манчестер јунајтед исто така се посочува како опција, но Французинот може да биде надвор од дофатот поради високата цена, се говори дека „ѓаволите“ ќе бараат помеѓу 50 и 55 милиони евра.

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе