Се повторува историјата

Борусија Дортмунд го победи Манчестер јунајтед за потписот на уште еден голем талент

Агентот на Карим Адејеми потврди дека напаѓачот е на чекор до Борусија Дортмунд и покрај тоа што Манчестер јунајтед пројавил интерес за услугите на младиот Германец.

Пред две ипол години, „милионерите“ го победија Манчестер јунајтед за потписот на Ерлинг Халанд, кој реши да го замени РБ Саллцбург со Борусија Дортмунд.

Историјата сега се повторува, Борусија Дортмунд направи нов „дил“ со РБ Салцбург и успеа да го договори талентираниот Карим Адејеми.

„Блиску сме до комплетирање на зделката со Борусија Дортмунд. Нема да има откупна клаузула во договорот“ – открива агентот на напааѓчот, Томас Соломон.

„Манчестер јунајтед и Ралф Рангник сакаа да се вклучват во трката, но момчето преферираше преселба во Борусија“.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе