Трансфер на векот

„Бомбазо“: Роналдо се сели во Барселона, ќе живее во куќата на Меси!

Весникот Мундо Депортиво објави „бомбазо", Кристијано Роналдо слушнал дека Барселона бара голгетер па им се понудил на „каталонците" и со помош на Жерард Пике веќе стапил во контакт со Чави.

Мундо Депортиво најави „бомбазо“ во зимскиот преоден рок и трансфер на векот.

Весникот објави дека Кристијано Роналдо слушнал дека Барселона е во потрага на фудбалер кој редовно ќе ги тресе противничките мрежи, па им се понудил на „каталонците“. ЦР7 со помош на Жерард Пике стапил во контакт со Чави пред неколку дена, а денеска, Жорж Мендеш му се јавил на Жоан Лапорта за да ги стокмат бројките. Агентот е добар пријател со претседателот на Барса, па лесно ќе биде да се договорат.

МД вели дека Кристијано Роналдо не е среќен во Манчестер јунајтед, не е убеден од методите на Ралф Рангник, па затоа го побарал Жерард Пике, со кого делеше соблекувална неколку години на Олд Трафорд, и се понудил на Барселона.

Жерард Пике не само што го поврзал со Чави, се погрижил и за престојот на Кристијано Роналдо во Барселона, дефанзивецот му се јавил на Лео Меси и го замолил да му ја изнајми неговата вила.

„Ако се грижи за „Златните топки“ и вети дека нема да земе некоја, ќе му дозволам да живее таму“ – наводно одговорил зачудениот Лео Меси.

Последна пречка за реализација на трансферот е Хавиер Тебас, првиот човек на Ла Лига никогаш не криел дека е „мадридиста“ и нема да биде среќен што ќе го види Португалецот во дресот на Барселона. Па тој ќе направи детална анализа за да види дали зделката ќе ги задоволи строгите правила за финансиски фер-плеј.

Ако некој поверува во сето ова, Мундо Депортиво добрo си ја заврши работата, сторијата е само обичен мајтап за денот на шегата во Шпанија.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе